Предвиди си иднина, ѕирни си на серија

„Ова веќе го гледавме минатата недела на телевизија!“ Можеби се почесто ви се случува да ја изговорите оваа реплика. Референцата е кон кривина на дејството во некоја серија која одеднаш се случува и во сосема реалните вести.

Најновиот пример дојде кога во високо рангираната американска серија Madam Secretary покажаа како САД го бара и ликвидира Џон Џихади. Буквално пет дена подоцна одекна веста дека вистинскиот џихадист е исто така убиен, сепак со помош на дрон.

Така серијата, чија што втора сезона се прикажува на CBS во моментов и ја раскажува приказната на фиктивна државна секретарка Елизабета Макорд влезе во престижната и долга група на телевизиски серии кои најавиле важни настани.

tv

Еве ви уште неколку од најпознатите примери:

Шоуто Person of Interest во кое дејството се врти околу машина, го чита секој мејл и го прислушува секој разговор како начин да сопре терористички напади.  Уште во 2012 година шоуто претстави епизода за млад аналитичар кој решил да му открие на светот низа  нелегално собирани податоци.

Година подоцна Едвард Сноуден, дури визуелно идентичен со фиктивниот херој, му ја откри на светот глобалната шпионска програма на Агенцијата за националната безбедност на САД.

Како што раскажа сценаристот и продуцент на Person of Interest, Аманда Сигал за списанието New Yorker: “Дојдовме на работа и веќе ја имавме прочитано веста за Сноуден. Ни требаше цело утро, за да сфатиме дека нашата Сај-фај серија некако стана вистинска “.

Последната сезона на драмата The West Wing од 2005/2006 ја покажа предизборната кампања на млад, непознат сенатор на Демократската партија за претседател на САД.

Како и Барак Обама малку повеќе од една година подоцна, фиктивниот кандидат Мет Сантос не беше бел Американец, туку еден од малцинствата. Сантос всушност беше од латино-американско потекло, но многу од битките во предизборната кампања на The West Wing потоа беа повторени во живо.

Оваа недела The West Wing повторно е во вестите по повод дебатата за усвојувањето на бегалците во САД.

Некои од водечките републиканци сега инсистираат не само муслиманите да поминат подетална проверка, туку дури и сириските христијани, азиланти во Америка, да бидат проверени дали навистина одат во црква.

Фановите на The West Wing веднаш увидоа дека слична дебата, па дури и сослушување на бегалци (сепак од Кина) веќе се случуваше на малиот екран и објавија на социјалните мрежи доста поучен клип за темата.

Во комичната анимирана серија Family Guy, бебето Стиви уште во 2009 година тврдеше дека Брус Џенер всушност е жена, “убава, елегантна Холанѓанка”.

Оваа година Брус официјално стана Кејтлин Џенер.

bruce-jenner-family-guy

Футуристичката серија Star Trek одамна е позната по “пророштвата” за пронајдоци, кои денес се реалност, на пример Google очилата, таблетите и 3D холограмите.

Креаторите на научнопопуларните серии по правило, сепак се заинтересирани за технологијата и нејзиниот развој. Значи изненадувањето не е којзнае колку големо кога сериозната идеја на некој научник, “преведен” на масовниот јазик од сценариото, одеднаш стане реалност.

google_glass_story-660x388

Штом сепак сериите најавуваат политички или меѓународни настани, неизбежно се поставува прашањето каде и како луѓе кои го поминуваат времето пишувајќи во задушливи филмски студиа, одеднаш го прогнозираат точниот потег на историјата.

Сепак политиката, како длабоко човечка активност, често е хаотична, со ред нелогични потези и бесмислени отстапувања. Дури социолозите, кои ја следат комплексната методологија и ги мерат ставовите во броеви, грешат доволно пати во прогнозите.

Нема сомневање дека способноста на ТВ продукциите да “предвидуваат” е директно поврзана со влегувањето во златниот век на сериите.

Амбициозноста на продуцентите и каналите да покажуваат постојано заговори, комплексни карактери и сложени заплети бара и стручно познавање на реалноста, а за таа цел Холивуд треба да бара и активно да врбува луѓе кои до неодамна немале никаква врска со филмскиот бизнис.

Во сценариските тимови на вакви серии кои се фалени од страна на критичарите веќе масовно можете да најдете пензионирани службеници на ЦИА, ветерани новинари, поранешни советници на Белата куќа, итн.

Соодветно тие не само што постигнуваат повеќе реализам и интересни детали туку истражуваат теми и настани од вистинската политика, кои инаку би биле премногу сложени за тим од лаици.

На пример креаторот на The Wire е долгогодишен криминален новинар во Балтимор.

TheWire32

Креаторот на шпионскиот трилер The Americans Џо Вајзберг е пензиониран ЦИА агент.

Илај Ати кој е одговорен за создавањето на ликот на Мет Сантос во The West Wing, е поранешен политички советник во администрацијата на Бил Клинтон. Ова објаснува исто како на пример знаел дека малку познатиот сенатор Барак Обама планира да се кандидира за претседател две години пред официјалното прогласување.

Ати дури го интервјуирал архитектот на неговата кампања Дејвид Акселрод, кога не повеќе од стотина лица знаеле што се случува.

Дури и да не можат да привлечат кон тимовите експерти од сличен ранг, доволно професионалните сценаристи се амбициозни далеку над барањата на чиста забава и фикција. Тие ги читаат најновите стручни книги, посетуваат специјализирани конференции и семинари, се зближуваат со најинтересните мислители на нашето време.

Идејата за Person of Interest, шоуто за машината која собира масовно податоци, на пример доаѓа директно од истрагите на американскиот новинар Шејн Харис, претворени во 2010 година во книгата The Watchers: The Rise of America’s Surveiliance State за расцутот на американската шпионска индустрија..

Во одлучноста да ги истражуваат процесите со речиси клиничка точност, сценариото на сериите всушност се повеќе почнува да ја имитира работата на вистинските политички советници, професионални аналитичари и разузнавачи, бидејќи собирањето и осмислување на информации е во суштината на она што го прават и двете групи. Исто како сценаристите, така и советниците, и аналитичарите се надеваат дека ќе го погодат вистинскиот тек на приказната.

Со единствената разлика што професионалците имаат пристап до класифицирани податоци и реалните меѓународни играчи, а нивните активности водат по себе сосема реални, сериозни последици.

- Реклама -