Книга: „Долна Земја“ од Џозеф О’Нил

Што да прави човек кога жена му ќе го напушти, ќе му го земе детето и ќе го остави сам во градот на духовите?

Ханс ван ден Брук го избира крикетот. Сам во градот погоден од тероризам, се обидува да разбере зошто од неговиот живот исчезнале луѓе, места, чувства, па наоѓа утеха во спортот што го играл во детството. Ама крикетот што се игра во Њујорк нема никаква врска со мирниот спорт со кој растел.

Крикетот во Њујорк е груба, речиси тајна игра што се игра во запуштени, маргинални урбани паркови, а ја играат луѓе кои градот воопшто не ги забележува – луѓе каков што е Чак Рамкисун. Години подоцна, тело на човек со врзани раце на грбот испливува во каналот на Њујорк, а Ханс е принуден да се сети на необичното пријателство со Чак – сонувач, визионер, а можеби и нешто друго, нешто мрачно…

„Генијален роман што опседнува.“
Дејли телеграф

„Ова е најбогатото дело со духовитост, гнев, педантност и прецизност, дело посветено на Њујорк и на Лондон по нападот на „Кулите близначки“. Го проголтав во три огромни и слатки голтки и си ја изгаснав жедта, а не ни знаев дека сум бил жеден.“
Њујорк тајмс

„Прекрасно напишано дело. Прераскажување на американскиот сон; коментар за нашето време; љубовна приказна; химна посветена на крикетот и убиство-мистерија.“
Сандеј телеграф

Повеќе информации за книгата ќе најдете на веб-страницата на Издавачкиот центар ТРИ или на Фејсбук страницата „Вљубени во книгата“.

Добитници на „1Q84“ се:

1. Ели Илијоска
2. Јована Ковачевска
3. Саше Најдов

- Реклама -