Во текот на викендот 202 возачи возеле со преголема брзина. Имало вкупно 31 сообраќајка, а 45 возачи возеле во алкохолизирана состојба.
Вкупно 47 возеле без стекната возачка дозвола, а 39 возила биле нерегистрирани.
На црвено светло поминале 16 возачи, а седум не им дале предност на пешаци на обележан пешачки премин.
Дваесет и четворица возачи на мопеди и моторцикли не користеле заштитни шлемови.