20 докажани разлики меѓу машкиот и женскиот мозок

Жените и мажите се различни по толку нешта што често се прашуваме кои ни се допирните точки.Овие научни објаснувања за начинот на кој работат нашите мозоци, е уште еден доказ за тоа:

1. Одамна е докажано дека женскиот мозок е за 10% помал од машкиот. Но, тоа не влијае на интелектуалниот развој.

2. Со процесот на стареење машкиот мозок ги намалува димензиите побрзо од женскиот.

3. За решавање на иста задача, мажите и жените активираат различни делови на главниот мозок.

4. Ако мажот се изгубил, тој ќе се обиде да ја реплицира насоката на движење и поминатото растојание. Жената во иста ситуација ќе се обиде да се сети на објекти кои ќе ја ориентираат во ситуацијата. Така е и зад воланот – мажот помни на патот нумерички димензии на растојанието, а жената по билборди, знаци и излози на продавници.

5. Жената ги памти сите детали, на мажот му е доволна конкретна мисла.

6. Мажот ги меморира информациите побрзо и реагира побрзо. Но тоа понекогаш значи избрзана одлука.

7. Жените можат почесто да доживуваат неколку информативни протоци, а мажите се бунат, кога треба да се направат две работи истовремено.

8. Мажите се посилни во природните науки, жените полесно апсорбираат општествено знаење.

9. Жените се повеќе зборлести. Зголемената комуникативност е поврзана со работата на центарот за задоволства во главниот мозок.

10. Тактилните сензации се посилно развиени кај жените, отколку кај мажите.

men-woman-brain

 

11. Мажите и жените реагираат различно на остри и иритирачки звуци.

12. За да стекне доверба, на жената и е потребно 20 секунди здрава прегратка.

13. Жените користат речиси три пати повеќе зборови во деноноќието отколку мажите.

14. При функционирање, женскиот мозок се загрева посилно, бидејќи „согорува” повеќе гликоза.

15. Жените и мажите го доживуваат хуморот поинаку. Мажите се возбудуваат од веселото финале. Жените добиваат задоволство од сложеноста на содржината, смешниот јазик и начинот на кој раскажува соговорникот.

16. Жените имаат подобро развиени организаторски способности.

17. Машкиот слух е послаб од женскиот. Затоа жените ја слушаат и најтенката интонација, а мажите – не секогаш.

18. Мажите го гледаат говорот со помош на логиката и затоа го слушаат само она што се зборува. Жените ја вклучуваат перцепцијата на вербалните текови според: интуиција, емоција, претходно искуство, фантазија, бараат подтекст.

19. По природа жените се комуникативни, мажите – агресивно-натпреварувачки настроени. Ова е причината мажите да запаѓаат почесто во расправии и да се борат едни со други. Жените се караат бесконечно, додека мажите не можат да одржуваат со нив долг разговор.

20. Ако на патот има топка, мажот ќе ja шутне. Жената ќе ја земе и ќе ја притисне кон градите. Тоа е прашање од природата.

- Реклама -