Коментар на Боби Мојсовски по завршувањето на X Фактор

Викендов ја проследивме последната финална епизода од X Фактор, во која Боби Мојсовски завши како вторно пласиран.

Тој на свој начин им се заблагодари на сите што го поддржуваа за време на ова искуство.

Еве што напиша Боби на својот профил на „Фејсбук“.

„И конечно заврши едно прекрасно патување наречено Икс Фактор. Стекнав многу добри пријатели и многу искуство. Ви благодарам драги пријатели на сета поддршка и покрај тоа што имав бронхитис, вие верувавте во мене, бевте со мене и вие сте потполно заслужни што завршив на второто место. Се чувствувам прекрасно кога ќе помислам дека има луѓе кои ме сакаат, кои ме ценат мене како личност и мојот труд. Немам зборови. ВЕ САКАМ И ФАЛА ВИ ЗА СЕ! Сега продолжуваме со нови сили и нови песни само за вас. Ова е само почеток <3“

Тој во прилог сподели и свој настап на легендарната Show Must Go On од групата Queen, со која што исто се претстави и во големото супер финале во белградската „Арена“.

Видеото е од настап во Белорусија.

- Реклама -