Би сакале ли финалето на X Фактор да изгледаше вака?

Вчера се одржа финалето на регионалното шоу за избор на музички талент X Фактор.

Во супер двобојот заслужено останаа Боби Мојсовски и победникот Амел Чуриќ, а во меѓувреме испаднаа многу големи таленти.

За да ги поздравиме и нив, направивме една фиктивна листа за тоа како би изгледало идеалното супер-финале, според коментарите и поддршката која најмногу кружеше на социјалните мрежи кон одредени кандидати.

Ова е тој нестварен ТОП 6. Воедно во видеата ги извадивме нивните највпечатливи настапи. Уживајте!

Амел Чуриќ

Боби Мојсовски

Јелена Џуриќ

Аднан и Тарик

Магдалена Бобиќ

Милан Буклиќ

Сепак и со една ваква селекција не би биле сите задоволни со оглед на тоа што од истата недостасуваат имиња кои заработија бројни фанови како што се „9 контрол“, Давид Темелков, Илија Mихајловиќ, Антонио Кристофиќ или еден Никола Маријановиќ.

- Реклама -