Еве што изјави Амел Чуриќ по победата во X Фактор

Амел Чуриќ, човекот кој го освои првото место во втората сезона на X Фактор вели дека ќе му требаат неколку дена да ги собере впечатоците по суперфиналето.

„ Нe можам да поверувам дека победив два пати во животот! Искрено, мислев дека за мене нема шанса“, изјави Амел на пресконференцијата по победата во регионалното шоу.

Покрај него седеше и Боби Мојсовски кој го освои второто место, а за кого Амел предчувствувал дека ќе му биде ривал во самото финале.

„ Еве сега се сеќавам дека предвидев уште во буткампот. Тогаш му реков на Боби, а може и тој да потврди, дека ние се загреваме за во финале“.

Победникот на овогодинешниот X Фактор вели дека уште не направил детален план како ќе ги троши парите, но дека сигурно ќе отиде со Боби на ручек.

amel-2 (1)

Шармантниот Сараевчанец на тој ручек ќе ја одведе и својата девојка, за која што не обожава многу да разговара со медиумите.

„ Се вика Јелена и е од Сараево, повеќе од тоа нема да кажам“, изјави Амел за „Мондо“.

Тој најави дека нема да чека „кариера“ како некои од неговите колеги, туку веднаш ќе се впушти во „огнот“.

„ Нема да чекам година, две… Сакам веднаш да снимам албум, да тргнам во акција“, вели дечкото кој дефинитивно успеа да завладее со сцената во белградската „Арена“.

- Реклама -