Хистерија во Скопје: Фановите во солзи поради натпреварувачите на X Фактор

Оваа седмица се одржа големото полуфинале на „X Фактор“, а веднаш потоа неколку учесници отпатуваа за Скопје, за да одржат мини концерт и ја поздравaт публиката во главниот град.

„Сити мол“ беше мал за да ги собере своите омилени натпреварувачи кои за кратко време се здобија со популарност во целиот регион.

Повеќе од 1.700 луѓе се собраа да ги видат Боби Мојсовски, Давид Темелков, Аднан и Тарик и Антонио Кристофиќ кои предизвикаа вистинска хистерија меѓу фановите на шоу програмата.

Девојчињата од публиката масовно плачеа што најпосле можат да ги видат во живо своите идоли. Во еден момент, фановите за малку ќе ја срушеа заштитната ограда од желба да ги допрат младите ѕвезди кои уживаа во еуфоријата со публиката, па концертот наместо планираниот еден час, траеше два часа и половина.

Слично било и во Хрватска минатата недела, па се чини дека регионот нетрпеливо го исчекува големото суперфинале закажано за 21 јуни во Комбанк арената, каде ќе биде избран X Факторот за оваа година. Кој е вашиот фаворит? Гласајте во анкетата на нашата почетна страна.

fanovi

 

- Реклама -