Боби влезе во полуфинале, Давид го напушти шоуто

После драматичната пред полуфинална епизода на регионалното шоу „X Фактор“, многу фанови останаа разочарани, затоа што дојде време и за разделба со дел од фаворитите.

Во оваа епизода од шоуто, испаднаа двајца натпреварувачи со најмал број на гласови, како и двајца што се покажаа послабо при изведбата на песните за спас.

За жал, тука настапи крајот за Нина Симиќ и талентираниот Милан Букилиќ од Црна Гора, кои имаа најмал број на гласови, додека во песните за спас шоуто го напуштија Македонецот Давид Темелков и еден од главните фаворити Илија Михаиловиќ.

Од Македонија засега остана Боби Мојсовски, чиј што настап ќе го гледаме следната седмица.

Во продолжение, потсетуваме на последните настапи на учесниците кои го напуштија шоуто.

Давид Темелков

Милан Букилиќ

Нина Симиќ

Илија Михаиловиќ

- Реклама -