Eве кои од мажите продолжија понатаму во X Фактор, a кои не!

Вчера беше емитувана епизода од регионалното шоу во куќата на судиите, каде што овој пат се најдоа на аудиција 6-те момчиња од групата на Александра Коваќ, од кои испаднаа тројца и со тоа Александра ја заокружи својата финална тројка.

Да погледнеме кои од нејзините момчиња помлади од 27 години, ќе останат да се борат во финалињата што ќе се случуваат секоја недела во следните неколку месеци, додека не дојдеме до големото финале.

Дали некој од нив ќе биде следниот X Фактор. Останува да видиме…

Илија Михајловиќ

Давид Темелков

Антонио Криштофиќ

Натпреварувањето во оваа група заврши за Синиша Видовиќ, Милан Буклиќ и Боби Мојсовски.

Сепак, важно е да се напомене дека од сите групи публиката има можност да врати двајца натпреварувачи, преку гласање на ФБ страна на Самсунг, во матичната земја.

- Реклама -