Алмир од Македонија го напушти X Фактор: Можеме ли да го вратиме назад?

Алмир Исмаили е човекот од Македонија, кој се најде во втората сезона на X Фактор, во можеби најнеблагодарните елиминации направени досега.

Тој беше дел од групата на Масимо Савиќ (пејачи постари од 27 години), во која што има многу професионални интерпретатори кои веќе со години активно се занимаваат со оваа уметност.

Сепак, Алмир успеа да ги воодушеви сите со својата професионална и смирена интерпретација, неверојатно вибрато и моќта да ја наежи публиката уште по првиот стих.

За жал, тој не се најде во златната тројка на Масимо, но постои надеж дека ќе го гледаме во финалињата на големата сцена.

Имено, спонзорот Самсунг ќе организира дополнително СМС гласање за да се избере уште еден кандидат кој ќе им се придружи на 12-те финалисти.

Додека да дознаеме кој ќе биде тоа, да уживаме во настапот на Алмир од овој викенд.

- Реклама -