Лејди Гага се струполи сред улица

По вечерата со долгогодишната пријателка Лиса Вандерпамп во еден ресторан, Лејди Гага се упатила кон автомобилот и пред објективите на папараците и минувачите доживеала мала незгода.Lady-Gaga-1-e1439490070953

Пејачката која што моментално е во актерските води, изненадувачки не носела огромни потпетици како обично, но не ја проценила добро висината на тротоарот, па паднала пред очите на сите.

Lady-Gaga-2-e1439490143596

Интересно е и тоа што Гага не била многу расположена за разговор со медиумите, најверојатно поради тоа што 29 годишната ѕвезда имала испиено некоја чаша повеќе.

Lady-Gaga-3-e1439490201725

Сепак, таа останала доследна на својот имиџ на холивудска дива, па веднаш се исправила како да не се случило ништо, ги поздравила со раката сите и се вратила кон својот дом.

Lady-Gaga-4-e1439490556242

- Реклама -