Талентирани актери кои не ја дочекаа својата слава

Тие починаа премногу млади.

Како деца го покажаа својот огромен потенцијал во многу серии и филмови, но за жал судбината за нив имала други планови.

Да се потсетиме на нив:

Семи Кејн Крафт
 
Семи беше ѕвезда на бејзболот. Таа ги фасцинираше сите кога фрли топка со брзина од 113 километри на час и напредуваше како вистински спортист. На 13 години таа ја доби првата улога, иако во светот на глумата е од своите 7 години. За жал, нејзиниот живот згасна на 20 години кога Семи загина во сообраќајна несреќа.
Хедер Рурк
 
Младата Хедер Рурк започнала да глуми на пет години. Само еден ден откако ја запознал Стивен Спилберг, таа ја доби улогата на Керол Ен во хорор филмот “Poltergeist”. На 12 годишна возраст Хедер почнала да се жали на болки во стомакот поради што подоцна била оперирана. За жал во текот на операцијата таа добила срцев удар поради кој што починала за време на зафатот.

Џонатан Брандис

Тој почина на 27 годишна возраст, откако се самоуби. Џонатан беше познат како детски актер кој имаше и улоги во серии, во доцните 90-ти години.

Откако му беше дијагностицирана депресија, по една година, неговото тело беше пронајдено во неговиот апартман.

Во листата на актери кои починаа пред да наполнат 30 години се и легендарните Хит Леџер и Џејмс Дин, кои оставија премногу творештво за својата возраст. Тие ја дочекаа својата светска слава, а филмската индустрија загуби многу.

 

- Реклама -