Некогаш беше секс симбол, а денес мажите бегаат од неа!

И во 57-мата година Шерон Стоун предизвикува воздишки кога и да се појави, но славната актерка се уште не го најде оној вистинскиот.
Сите и понатаму ја паметиме нејзината позната сцена од филмот „Основен инстинкт“, која и денес важи за еден од најсексите моменти во филмската историја. Поминаа 23 години по прикажувањето на филмот во кино салите и на Шерон Стоун и ја донесе титулата секс симбол. Убавината, шармот и сексапилот го задржи и до денес, па редовно привлекува погледи каде и да се појави. Многумина мислат дека мажите и се нудат од сите страни, но таа тврди дека тоа е далеку од вистината.

– Би сакала кога мажите повеќе би се вртеле околу мене. Тие бегаат од мене. Луѓето поверуваа во таа приказна дека сум секс симбол, но тоа не е вистина. Јас сум всушност девојка во широка облека и со торба полна со книги. Луѓето се плашат од мене- рече таа.

Таа додаде дека единствените мажи кои денес и обрнуваат внимание се нејзините синови Роан, Лаирд и Квин, кои се посвоени.

– Сега се во тие години кога стануваат мали мажи. Почнуваат да ми помагаат со торбите и ми отвараат врата. Ми оставаат пораки во автомобилот, нешто како „Имај пријатен ден на работа“. Тие прават да се чувствувам убаво и дека мојот живот има цел- истакнала актерката.

- Реклама -