Тие двајца биле Бред и Анџелина во 70-тите години (ВИДЕО)

Џејн Биркин, британска актерка и пејачка, светската слава ја здоби кога со својот сопруг, исто така актер, но и композитор и поет Серж Генсбург ја снимила песната „Je t’aime… moi non plus“.

Била сметана за секс симбол во 70-тите, а бракот со Генсбург ѝ донесе неверојатен публицитет.

Тие 70-ти години Џејн Биркин и Серж Генсбург, беа најпопуларниот уметнички пар на светот. Кревката убавица, со големи очи и момчешка градба била инспирација на многу модни креатори во тоа време.

Врската меѓу Џејн Беркин и Серж Генсург траела 13 години, а двојката има една ќерка, Шарлот Генсбург, која исто така е успешна актерка.

Бракот на Џејн и Серж предизвикал голем интерес во седумдесеттите години, и може да се рече дела ниту еден пар по нив не успеал да ги надмине во популарноста. Се додека не се појавија Анџелина Џоли и Бред Пит.

Џејн Биркин е родена како Џејн Мелори Биркин во 1946 година во Лондон. Таа во лондонската социјална мрежа се појавила во текот на 60-тите години, а дебитирала како актерка во филмот „Blow up“.

Во 1969 година го снимила филмот „Slogan“, каде играла со својот иден сопруг Серж Генсург. Истата година, тие двајца го снимиле дуетот „Je t’aime… moi non plus” кој веднаш ќе им донесе голема слава.

 

Интересно е што Генсбург оваа бесна ја снимил со тогашната девојка Бриџит Бардо која од него барала да ѝ ја напише најубавата песна на светот. Тогаш ги напишал „Je t’aime” и “Bonnie and Clyde“, а втората се нашла на нивниот заеднички албум.

Џејн, исто така, го инспирирала создавањето на познатите Биркин чанти од модната куќа „Hermes“, која го добила името по неа.

Така, во почетокот на 80-тите години актерката и Жан Луи Думас, тогашен директор на модната куќа „Hermes“, во една прилика се нашле на истиот лет од Париз за Лондон, по кое тој направил скица на чантата. Денес Биркин чантата може да достигне цена и до неколку стотици илјади долари и повеќе претставува статусен симбол.

Денес Џејн Биркин има 69 години. И понатаму е активно вклучена во музиката и актерството.

- Реклама -