Откриен е идентитетот на бебето кое сите го знаеме (ВИДЕО)

Нејзиното лице сте го виделе милион пати, а денес таа пораснаи го откри својот идентитет.
Се работи за сонцето од „Телетабиси“.

Џес Смит имала само девет месеци кога ја откриле продуцентите на детската емисија „Телетабиси“. Џес била веселото сонце, кое слатко се смеело на распеаната дружина која беше составена од Тинки -Винки, Дипси, Лала и По.

Оваа девојка денес има 19 години и е главна вест во британските медиуми.

„Телетабиси“ биле емитувани на BBC во деведесетитте години, и со години и во нашата земја.

Заоблени,со силни бои, телевизор на стомаците и антена на главата, малите телетабиси беа сакани од децата, а за возрасните често беа многу иритирачки.

Сепак, ова бебе успеа да им измами насмевка на сите.

Иако ние мислиме дека не се променила премногу, пресудете самите.

- Реклама -