Кога Хари ја запозна Сали: Како изгледаат денес?

„ Кога Хари ја запозна Сали“ (org. When Harry Met Sally) е романтична комедија која веќе прерасна во филмска класика. Но,  како изгледаат главните актери после 25 години?

Славните актери 52 годишната Мег Рајан и 66 годишната актерска легенда Били Кристал се собраа за заедно да ја прослават 25 годишнината од филмот „’When Harry Met Sally’.

Интересно е што многу сцени од филмот се базирани на пријателството кое Кристал го има со Рајан. Се сеќавате ли на оној момент кога Хари и се јавува на Сали сред ноќ и заедно го гледаат филмот „Казабланка“ секој во својот кревет? Епа тоа се случило и во реалноста.

meg-ryan-billy-crystal-when-harry-met-sally-rftr

„ Тој момент беше толку посебен за нас. Многу моменти што Сали и Хари ги прават во филмот, ние сме ги направиле како пријатели во вистинскиот живот. Тоа подоцна е прилагодено на сценариото во филмот„, вели Кристал.

Денес актерите се постари и помудри, а овој филм е еден од оние кои можете да ги гледате по 100 пати и да не ви здодеат.

thenandnow-whenharrymetsally-590x350

- Реклама -