Некогашната тин кралица проговори за деновите кога го допрела дното

Беше главна ѕвезда во серијата „Округот Оринџ“ (The O.C), а најдобри пријателки и беа Линдзи Лохан и Никол Ричи.

Но, патот на Миша Бартон почна да оди надолу откако беше уапсена во 2007 година поради возење под дејство на дрога, а во 2009 година беше задржана во психијатриска болница откако се обиде да се самоубие.

mischa-barton-lambertz-wartesaal

Сега, Миша речи да проговори за тие мрачни денови:

„Доживеав нервен слом, беше страшно. Живеев под огромен притисок“.

Таа открила дека била лута кога сфатила дека е во психијатрија, но тогаш прогледала. Тоа и помогнало да го смени својот живот.

„Се помирив со тоа дека ми требаше време за себе. Далеку од работата, семејството, притисокот“, рекла Миша која беше под притисок на јавноста на само 17 години кога се снимаше популарната серија „Округот Оринџ“.

Los Angeles premiere of 'A Resurrection'

Таа проговорила и за покачувањето на килограмите, затоа што сите ја паметат како слаба девојка.

slaba slabaaaa

„Коментираа дека сум премногу слаба и дека сигурно сум болна. Сега ме оговараат дека сум огромна и според тоа никогаш сум ја немала вистинката тежина. Многу работи научив и горда сум што сега имам сила да зборувам за своите борби“, открила актерката.

Mischa Barton Shopping In Los Angeles

- Реклама -