Во удар меѓу два автомобила кој се случил утрово на патот Радовиш-Струмица загина 19-годишно момче.
19-годишникот управувал со патничко моторно возило марка „голф“, а неговата сопатничка, на иста возраст, итно е пренесена во Здравствен дом Радовиш поради тежината на повредите.
Со другото возило управувал 48-годишен човек за чија здравствена состојба уште нема информации.