Kим претера со фустаните од латекс

Ким Кардашијан несомнено е најпозната по две работи – задникот и градите.

Затоа и не е изненадувачки тоа што таа опсесивно ја сака облеката од латекс материјали кои се прилепуваат по нејзиното тело како втора кожа и ефектно ги нагласуваат нејзините женствени облини.

Тоа се докажува и од визијата која таа избра да ја демонстрира на првата секуларна појава по објавувањето на веста за својата втора бременост. Тогаш Ким се обложи на розов фустан од латекс, со кој што елоквентно, макар и имплицитно, изјави дека бременоста на никаков начин нема да го прекине нејзиното пријателство  со латекс материјалите.

1

Првиот пат кога убавата Ерменка облече фустан целосно од латекс, беше октомври месец минатата година, кога таа се појави на настан со розов фустан од латекс, што дрско ја откриваше нејзината линија.

2

Неколку месеци подоцна Ким повторно облече розов фустан од латекс. Овој пат за појавата на свечен настан во Лондон, посветен на Мадона. Тогаш изборот на тоалета од страна на ѕвездата беше широко дискутирана тема, не само поради спектакуларниот начин на кој облеката го допираше нејзиното тело, туку и затоа што на истиот настан со речиси истафустан се појави и друга славна ѕвезда, имено пејачката Рита Ора.

3

Повеќе за модниот гаф на двете можете да прочитате ТУКА !

Се испостави дека Ким има во својата гардероба не само латекс фустани, туку и панталони во боја на металик и здолниште од типот “молив“, направени од овој спектакуларен материјал.

4 5

Дами, што мислите за опсесијата на Ким по латексот. Одговара ли според вас  на нејзината фигура?

- Реклама -