Принцеза со стил – Ова се најубавите фустани на Кејт Мидлтон

Кејт Мидлтон треба да се појавува насекаде во беспрекорен изглед.

Војвотката е позната по својот добар вкус и елеганција, а благодарение на  нејзината перфектна фигура, сè и прилега одлично.

Погледнете 10 од најубавите фустани, со кои што таа се појави пред очите на светот:

1. Свадбениот фустан – 400 000 долари

Фустанот чини богатство. Дизајнер е Alexander McQueen. Истиот е инспириран од познатата венчаница на Грејс Кели.

2. Фустанот, со кој се појави на Sun Military Awards – 7 049 долари

Уште една креација на Alexander McQueen. Војвотката ја комбинира со торба на Jaime Mascaro.

3. На отворањето на Олимпијадата – 5 178 долари

Вилијам и Кејт, се разбира, беа поканети на отворањето на Олимпијадата во Лондон. Таа се појави со прекрасен син фустан на Jenny Packham. Носеше и сандали на Jimmy Choo.

4 БАФТА – 4 686 долари

Кејт блескаше во бел фустан на Alexander McQueen, комбиниран со чевли на Jimmy Choo.

5. На јубилејот на кралицата – 3 570 долари

Тука таа  одбра светло црвен, повторно на Alexander McQueen. Чевлите и беа на LK Bennett, а шапката на Sylvia Fletcher. 

- Реклама -