Селин Дион: Сопругот сака да ми почине во рацете

Сопругот на славната пејачка, 72 годишниот Рене Анжелил, се бори со рак на грлото и неговата последна желба е Селин да биде со него додека умира.

Селин Дион ја сподели со јавноста семејната драма која ја преживува поради лошата здравствена состојба на сопругот.

„Го прашав: ‘Дали се плашиш?. Разбирам. Зборувај ми за тоа’. А, тој ми одговори: ‘Сакам да умрам во твојата прегратка’. Му реков: ‘Во ред, ќе бидам тука, ќе умреш во моите раце’“, раскажува пејачката.

Рене ја наговорил сопругата да се врати на своите настапи во Лас Вегас иако се плаши кога таа не е дома со него. Парот е во среќен брак од 1994 година и имаат три деца – Нелсон, Еди и Рене-Чарлс.

„Не заборавајте, тој го водеше мојот бенд целиот живот. Така што го боли што не ме гледа цел ден и што работам тука. Но, тој сака да продолжам со настапите, да давам интервјуа. Сепак, мислам дека го плаши тоа кога не сум со него дома“, вели Селин.

„Не сакам да бидам овде, тоа не ми е потребно. Немојте да ме сфатите погрешно, сакам да пеам пред луѓе, но имам свои приоритети. Мислам дека за сега сум добро. Кога ќе се случи тоа, ќе биде многу тешко. Мојата најтешка работа е да му кажам на сопругот дека сме добро со децата. Тој нас ќе не гледа од друго место“, додава таа.

- Реклама -