Ова ќе ве расплаче – актерот се збогува со својот најдобар пријател

Ѕвездата од серијата „Tree hill“ на многу емотивен начин се збогува со својот најдобар пријател Џо.
Актерот Чад Мареј и неговото куче Џо беа најдобри пријатели речиси 15 години. За жал, на сè што е убаво му доаѓа крајот, па така и на ова пријателство.

Screenshot_5

Еве како Чад се збогува со Џо:

„Мој најдобар пријател и мое првородено дете Џо… Ти благодарам на сè што направи за мене. Беше мое семејство, мој безусловен пријател. Ти благодарам што го носеше мојот товар кога не бев во можност јас. Ти ме научи на несебичност и сочуство повеќе отколку што можев да замислам дека едно куче некогаш можело.“

„Ти благодарам што секогаш одржуваше „статус кво“. И кучињата во паркот ти се благодарни што секогаш го одржуваше мирот. Речиси 15 години авантури, Џо, и благодарен сум за секоја минута. Почивај сега во мир пријателие. Понекогаш провери како сме ние… Ми недостасуваш и секогаш ќе ми недостигаш. Ти благодарм што го чекаше раѓањето на мојот син. Ова семејство нема да биде исто без тебе, но исто толку е силно благодарение на тебе. Почивај во мир Џо. Те сакаме, Чад, Сара и малиот Мареј“.

Screenshot_6

- Реклама -