Куќите што ги изгради Бред Пит за настраданите во еден од најголемите урагани

Бред Пит има изградено домови за стотици семејства кои изгубиле сè што поседувале во ураган.

Пред 10 години, Њу Орлеанс го потресе еден од најдеструктивните урагани во историјата на САД, „Катрина“, кој го срамни со земјата речиси целиот град, уништи илјадници животи и остави многу семејства без покрив над главата. Тоа беше толку шокантно за актерот Бред Пит, што тој основа фондација за помош на жртвите од катастрофата.

Поголемиот дел од областите погодени од ураганот изгледаa како во апокалиптична сцена – речиси целосно поплавени и со бројни урнати објекти. Пит благодарение на парите собрани во фондот успеа да изгради 109 домови во областа. Актерот ангажираше познати архитекти и лично се вклучи во дизајнот на зградите.

Домовите кои што тој ги изгради се отпорни на природни катастрофи, а освен тоа изгледаат и доста интересно. Актерот од почетокот сметаше дека настраданите заслужуваат да добијат убаво и пристојно домување.

Неговата хумана работа, ја прикажуваме низ фотографиите во продолжение.

За време на работата на проектот, Пит беше добро запознаен со семејствата, кои што требаше да се населат во новите куќи.

Среќна жена исправена пред нејзиниот нов дом. Таа стои на тремот на својата стара куќа, чии што остатоци одлучи да ги остави во сеќавање.

За време на ураганот областа бeше поплавена речиси целосно.

Бред Пит во посета на погодените области, каде што се изградени куќите.

Со цел лично да ја надгледува изградбата,  Бред Пит во 2005 година, купи куќа во Њу Орлеанс, и се всели заедно со своето семејство.

Актерот неколку пати организираше средби со локалните жители и архитекти, кои дискутираа за иднината на градот и областа. На сликата Бред Пит стои во центарот.

Тој лично ги надгледуваше и волонтерите …

… Говореше за време на добротворни настани за собирање на парични средства за проектот.

Кога започна изградбата, самиот актер се вклучи во сите фази.

Куќите беа изградени со користење на најновите еко-технологии и принципи на градење на „зелени“ објекти. На покривите има соларни панели.

Вака денес изгледа областа.

Истата стана локална атракција, привлекувајќи бројни  туристи кои доаѓаат тука за да уживаат во убавината на градот.

Сите куќи имаат необичен облик, живописни и весели бои.

Тие се изградени од дрво.

Собите се пространи, а прозорците дозволуваат да навлезе многу светлина.

Кујните се добро опремени.

Задоволниот Пит, стои на балконот на својата куќа во Њу Орлеанс.

Анџелина Џоли е многу горда на својот сопруг.

Пит и Џоли со благодарните жители на новите домови.

Актерот дозволи самите семејства да ја изберат бојата на ѕидот. И сите тие избраа радосни бои – жолта, зелена и сина боја – знак за новиот почеток кој им ги облеа срцата со радост, по големата трагедија.

- Реклама -