Станува сè повлијателна: Кејтлин Џенер доби и кукла со својот лик

Кејтлин Џенер влезе во Гинисовата книга на рекорди за бројот на луѓе кои за многу кратко време почнаа да ја следат на Твитер, а куклата со нејзиниот лик стана апсолутен хит.

Куклата со ликот на Кејтлин Џенер стана вистински хит на интернет, а на Твитер се создаде вистинска манија по објавените слики на куклата Џенер.

Куклата Џенер е облечена во корсет во боја на шампањ, исто каков што носеше Кејтлин на сликањето за насловната на „Vanity Fair“.

Screenshot_9

Многумина веднаш забележаа дека освен корсетот и бујната коса, куклата и нема преголеми сличности со вистинската Кејтин. Сепак, она што сите им „падна во око“ е натписот на кутијата во која е сместена куклата: „не го правам ова за да бидам интересна, го правам ова за да живеам“.

 

- Реклама -