Нема крај- Пристига „машката“ верзија на книгата „Педесет нијанси на сиво“!

Ја преживеавме еуфоријата кога беа објавени книгите „Педесет нијасни на сиво“, издржавме кога во февруари беше објавен филмот, а сега Е.Л. Џејмс се реши уште еднаш да ја раскаже приказната за Кристијан Греј и Ана Стил.
Популарната авторка повторно ќе ги опише настаните од трилогијата „Педесет нијанси“, но овој пат од перспективата на машкиот лик, Кристијан Греј.

Книгата ќе го носи насловот „Греј“ (Сиво), а Е.Л. Џејмс тврди дека на овој чекор се одлучила поради големиот број обожаватели кои постојано барале да напише и „машка“ верзија, која ќе открие повеќе детали за неговото проблематично минато.

– Кристијан е комплексен лик, а читателите отсекогаш беа фасцинирани од неговите желби и мотивации, како и со неговото проблематично минато. Исто така, секој кој некогаш бил во врска знае дека секогаш постојат две страни на секоја приказна- рече таа.

Книгата ќе биде објавена на 18 јуни, на „роденденот“ на Кристијан.

Трилогијата „Педесет нијасни“ е продадена во над 125 милиони примероци ширум светот, а авторката заработи 75 милиони фунти, според проценките.

- Реклама -