Таа е контоверзена а освои принц: Наскоро кралска свадба

Идната принцеза е поранешен модел, голите фотографии не биле непозната работа за неа, а имала и прилично развратен живот, па прашање е како ќе се вклопи во традиционалното кралско семејство.
Шветското кралско семејство во средината на јуни се подготвува за раскошна кралска свадба. Синот на кралот Карл Густаф и кралицата Силвија, 36-годишниот принц Карл Филип ќе се жени со долгогодишната (обична) девојка, Софија Хелгвист. Шветската кралска венчавка предизвика големо медиумско внимание, особено поради бурното минато на идната принцеза.

 Screenshot_12 Screenshot_13

Софија е позната како поранешен разголен модел, а учествуваше и во реалното шоу „Paradise hotel“. Пред да влезе во врска со принцот, таа имала прилично развратен живот. Се фотографирала полугола за шветскиот машки магазин „Slitz“, за време на студиите во Њујорк беше во центарот на вниманието со страсниот бакнеж со американската порно актерка Џена Џејмсон, а шветскиот принц го запознала- во клуб. Имено, и принцот Карл Филип сака да ужива во добриот живот и забавите.

 Screenshot_11

Инаку, принцот е трет во линијата за шветската круна, по својата постара сестра, принцезата Викторија и нејзината ќерка, принцезата Естел. Во медиумите постојат шпекулации дека принцот сигурно не би бил во можност да се жени со девојка како Софија ако беше прв во редот за круната.

Сега сите погледи се насочени кон шветскиот кралски двор и раскошната венчавка, за која се најавува дека ќе биде пораскошна и од онаа на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Се очекуваат над 350 гости, најавени се покани за сина крв од целиот свет, а големиот настан ќе се пренесува дури на три шветски телевизиски програми.

Screenshot_14 Screenshot_15 Screenshot_16

- Реклама -