Дали е ова најубавата вила во светот? Ѕирнете во куќата на Бијонсе и Џеј Зи вредна 85 милиони долари!

Куќата на моќниот брачен пар Бијонсе и Џеј Зи вреди 85 милиони долари. 

Вилата со поглед на Лос Анџелес ќе ве остави без здив и се протега на повеќе од 2.000 метри квадратни.

Според листата на „Форбс“ тие се едни од најбогатите луѓе во светот, па и не е чудно што нивната куќа има осум спални соби и 15 купатила.

Со цел да имаат каде да го сместат својот возен парк, гаражата во вилата на Бијонсе и Џеј Зи има дури 16 паркинг места.

Базенот зад куќата е со спектакуларен поглед на Лос Анџелес, а не недостасуваат и билјард, теретана, посебна просторија за вино, а и бањи од соништата.

Погледнете ја оваа феноменална вила во видеото подолу:

- Реклама -