Интернетот го зафати нов луд тренд: Инстант пумпање на усните

Илјадници млади луѓе од целиот свет преку ноќ се согласија да учествуваат во т.н. „Кајли Џенер предизвик“, односно во пумпање на усните со помош на тегла, шише или чаша.
Предизвикот се појави како потсмев на секогаш необично полните усни на Кајли Џенер (17), помладата сестра на Ким Кардашијан, а младите ја „имитираат“ така што ја ставаат устата во чаша, шишиња или тегли, од нив го шмукуваат воздухот, и ги пумпаат усните благодарение на создадениот вакуум, односно зголемениот проток на крв во нив.

Сестрата на Ким Кардашиан претерала со „пумпање“ на усните

Кајли Џенер и понатаму не признава за зголемувањето на усните: „Моливот за усни ми го промени животот“.

Screenshot_20

Предупредуваме да НЕ СЕ ВПУШТАТЕ во најновиот интернет тренд, бидејќи може да бие исклучително болен, а оние кои веќе го направиле признаваат дека остава непријатни модринки.

Објави фотографија без шминка- Разликата е очигледна!

Затоа, само погледнете за што станува збор, насмејте се добро ако резултатот ви изгледа смешен, но не го „влечете ѓаволот за опашката“, бидејќи имало и онакви кои учествувале во предизвикот и завршиле на лекар!

- Реклама -