Дрејк конечно проговори за бакнежот со Мадона

Што се случи?

Откако сиот свет остана изненаден од лошата гримаса што ја направи Дрејк по бакнежот со Мадона, самиот пејач конечно одговори на веста што го обиколи светот.

Прочитај повеќе: Мадона сочно го бакна, а тој воопшто не реагираше џентлменски (ВИДЕО)

Тој после изненадниот бакнеж направи гримаса како да ќе поврати, а потоа го зачуди реакцијата на сите оние кои негативно го искоментираа овој негов гест.

„ Престанете погрешно да ја интерпретирате мојата изненаденост. Имав можнот да се смувам со кралицата Мадона и поради тоа ќе се чувствувам врвно засекогаш. Фала ти, Мадона“, напиша Дрејк под фотката за која се разговара толку многу.

- Реклама -