Поранешната девојка на принцот Хари, проговоре за нивната врска

Поранешната девојка на принцот Хари, Кресида Бонас, конечно проговори за нивната врска.

26-годишната русокоса вели дека во моментов не е во врска и ги негираше шпекулациите дека таа и Хари повторно се заедно.

„Јас сум силна и независна жена “, истакна Бонас, која имаше врска со принцот во текот на две години.

Нивните односи продолжуваат да бидат коментирани во лондонските таблоиди, кои постојано го набљудуваат секој нивни чекор.

Кресида го опиша времето со Хари како „лудост“, особено поради можноста да влезе во кралското семејство и да стане принцеза.

Таа се раздели со принцот минатата година и сега вели дека повеќе би сакала да биде актерка отколку членка на кралското семејство.

- Реклама -