Бред Пит го предвидел распадот на СФРЈ

Кога во 1988 година првпатизвади пасош и букираше лет за Југославија, Бред Пит имаше 24 години и неколку ситни улоги во „Далас“ и останатите хумористични серии.

Бред тогаш заработуваше за живот рекламирајќи ланец мексикански ресторани во одело на огромна кокошка. Можеби затоа главната улога во америчко-југословенската копродукција „Темната страна на сонцето“ му се виде како животно бинго.

Плата од 1.523 долари неделно, седум недели на Јадран и можноста на снимањето да вози мотор годонесе во Дубровник, каде режисерот Божидар Николиќ снимаше филм.

– Отидов во Лос Анџелес на аудиција на која се појавија 400 момци. Во потесниот круг останаа само двајца. Агентите ме наговараа да го изберам другото момче, но јас се одлучив за Бред Пит. Кога дозна дека ја доби улогата, тој буквално скокаше од среќа – рекол Божидар Николиќ.

Бред во филмот ја игра улогата на момчето кое има ретка алергија на сонце, па голем дел од филмот го игра во костим со кожна маска на главата.

Подоцна, Пит за американските магазини раскажа дека уште тогаш ја почувствувал нетрпеливоста помеѓу народите на тогашната Југославија.

– И на сетот чувствував дека нешто не е во ред. Секогаш гласно се расправаа и се караа. Можев да ја почувствувам омразата – рекол Пит, кој тоа лето презадоволен си отиде од Јадран.

Прочуениот актер толку добро си поминал на Јадран што сонувал за тоа еден ден да си купи вила и да живее тука.

- Реклама -