Последниот поздрав со Пол Вокер на многумина им предизвика солзи во очите (ВИДЕО)

По излегувањето на последниот дел во серијата филмови „Fast and Furious“, кој трагично починатиот Пол Вокер не дочека да го сними, екипата од филмот се потрудила овој актер никогаш да не се заборави.
Премиерата на филмот „Fast and Furious 7“ долго време се очекуваше, а по започнувањето на дистрибуцијата во кината, емоционалниот дел во кој Вин Дизел се збогува со пријателот протече на интернет.

Дека биле повеќе од колеги, туку вистински пријатели, Дизел го покажа тоа и со именувањето на својата новородена ќерка Полин токму по трагично починатиот Пол Вокер.

Ова видео е објавено на официјалниот Фејсбук профил на Вин Дизел пред четири недели:

Four weeks away…

Posted by Vin Diesel on Friday, 6 March 2015

Неговата ненадејна смрт тешко им падна на сите што го познаваа, но и за неговите обожаватели кои се уште го жалат.

Screenshot_2

Емоционалното видео во кое пријателите се поздравуваат и зборуваат „дека сигурно повторно ќе се видат“ на многумина им предизвика солзи во очите.

Погледнете го видеото кое „протече“ на интернет:

- Реклама -