Лоши вести за најпознатата старлета

Ким Кардашијан со месеци не успева да остане бремена, а покрај сите напори, старлетата добила лоша вест, а тоа е дека ако остане бремена, ќе мора да ѝ ја извадат целата матка.

Во новата епизода, „Во чекор со семејството Кардашијан“, Ким споделува со Канје Вест дека ако повторно забремени, ќе мора да направи хистеректомија.

– Ако останам бремена, тогаш веднаш после породувањето ќе мора да се направи хистеректомија, бидејќи постелката би сраснала со матката. Целиот лекарски тим веднаш би бил задолжен за тој оперативен зафат, кој е прилично комплициран. И секако, постои голема шанса за да искрварам премногу, вели Ким.

Ѕвездата  ја донесе на свет нејзината ќерка Норт Вест пред речиси две години, со тешка бременост и компликации после што јавно призна дека никогаш повеќе не сака да раѓа.

 

- Реклама -