Селин Дион: Мојот сопруг не може да јаде сам, го хранам со цевче

Селин Дион се расплака додека објаснуваше како се грижи за нејзиниот сопруг кој е болен од рак.

Пејачката веќе една година паузира од сцената, за да биде крај партнерот, на кого по втор пат му дијагностицираа рак на грлото.

Првиот пат беше во 1999 година и тогаш Дион се повлече од сцената, за да биде со него.

„Не може да се храни, не може да ја користи својата уста. Го хранам со цевка по три пати на ден. Самата го правам тоа “, изјави пејачката со плачење.

Таа истакна и дека со нејзиниот сопруг живеат ден за ден, но се цврсто решени да се борат и да не се откажуваат. Двајцата имаат три деца – момче на 14 години и близнаци на четири годинки и половина. Како што изјави Дион, децата исто ја преживуваат битката на татко им со ракот. Нема како да ги заштити.

Во меѓувреме пејачката откри дека во август повторно се враќа на сцената.

- Реклама -