Ирина Шајк за раскинот со Роналдо: „Се чувствував грдо и несигурно“

Иако изгледаа како совршен пар, се чини дека во врската на Роналдо и Ирина имало многу проблеми… сега познатата убавица открила и некои свои причини.
Во последните неколку недели се појавуваат сè повеќе детали околу расинот на познатиот, сега поранешен пар, Кристијано Роналдо и Ирина Шајк. Славната руска убавица веќе навести дека фудбалерот бил неверен, а сега се откриени и други причини поради кои нивната врска заврши.

„Мислам дека жената се чувствува грдо кога има погрешен човек покрај себе. Јас се чувствував грдо и несигурно. Двете лица во врската треба да имаат исти вредности и ставови за животот, како и иста енергија и да веруваат во моногамија“, изјавила познатата убавица.

„Мојот идеален маж е верен, искрен и џентлмен кој знае како да третира една жена. Не верувам во мажи кои нè прават несреќни, бидејќи се момчиња, а не мажи. Мислев дека еднаш го пронајдов својот идеален маж, но излезе поинаку“, рекла Ирина.

Иако не се знае уште новата девојка на Роналдо, веќе некое време се шпекулира дека Ирина е во врска со колегата, актерот „The Rock“ Двејн Џонсон.

Screenshot_14

- Реклама -