Home Сваштарник Сакала усни како на Кајли Џенер, но ова не го очекувала

Сакала усни како на Кајли Џенер, но ова не го очекувала

0

Една Австралијанка сакала да има усни како најмладата сестра на Ким Кардашијан, Кајли Џенер, но ова и не и тргнало баш од рака.

Британи Фостер купила средство за зголемување на усните кое функционира на основа на вакум, а резултатите од истото биле и повеќе од видливи. Всушност, нејзините усни изгледале ужасно и болно.

96931769154f4394976165736352018_w640

После две минути болки на усните и со насолзени очи, таа го тргнала уредот, и била шокирана кога си го видела лицето – речиси непрепознатливо. Промената била толку голема што Фостер дури и добила напад на паника, плашејќи се дека лицето ќе и остане такво засекогаш.

Четири дена после „зголемувањето“, нејзините усни и понатаму биле отечени и модри. Меѓутоа, таа не ја обвинува компанијата „CandyLipz“ за ова што се случило, бидејќи и самото упатство предупредувало на последиците.

Фостер не е првата личност која искусила негативно искуство со овој апликатор, кој и понатаму може да се купи во слободна продажба.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here