Ова не е Барак Обама

Илхам Анас има 40 години и потекнува од Џакарта, а работи како двојник на претседателот на САД Барак Обама.

Медиумите пишуваат дека тој ја користи оваа сличност, за да го прехрани семејството.

„Внимателно ги одбирам ангажманите. Одбивам сè што може да биде контроверзно или што може штетно да влијае на репутацијата на вистинскиот Обама“, изјавил Илхам.

Анас вели дека Обама му е идол и жали што се уште не го запознал. Сигурни сме дека средбата би била интересна.

- Реклама -