Џоли: На 20 бараш принц, на 40 вистински маж

Холивудската актерка Анџелина Џоли откри зошто е заљубена во нејзиниот сопруг, актерот Бред Пит. Одговорот е, не затоа што е привлечен, туку бидејќи е вистински маж.

Сонот на секоја млада жена е да го сретне својот принц, вели Џоли , и продолжува дека никогаш принцот не изгледа онака, како што сме си го замислувале во своите соништа.

„На 20 години бараш шармантен принц, потоа остануваш разочарана, бидејќи сфаќаш дека е нестабилен. На 40 години веќе знаеш што сакаш и тоа е вистинскиот маж” категорична е Анџелина.

Разговарајќи за моменти од заедничкиот живот со Бред, таа споделува дека најмногу уживаат во заедничка  чаша вино.

„Да испиеме чаша вино со пријателите, со луѓето кои ги сакаме … нема подобар начин да се ослободиш“, заклучува таа.

Поради тоа Анџелина и Бред одгледуваат лозја и произведуваат вино, но холивудската славна ѕвезда додава дека производството на вино воопшто не е обична импровизација, и бара многу напорна работа.

- Реклама -