Викторија Бекам ја бутна главата во задник на крава

Викторија Бекам е позната по тоа што ретко се смее на  јавни места, но овој пат ѕвездата реши да се пошегува и да го сподели моментот со нејзините фанови.

40-годишната дизајнерка објави на Twitter фотографии од посетата во галеријата Saatchi во Лондон.

На истите Вики ја бутнала својата глава во задникот на вештачка крава, дело на рускиот уметник Олег Кулик.

Посетителите на галеријата биле поканети да погледнат, за да  видат видео кое се проектира во стомакот на кравата. Делото на Олег се вика „Длабоко во Русија”.

За посетата на музејот Викторија избрала долго црно палто, фармерки, капа и бели патики.

viki

 

- Реклама -