Откриена е најдобро чуваната тајна на рускиот богаташ

Шест години молчел за тоа, а сега конечно тајната е откриена!
Рускиот богаташ и сопственик на фудбалскиот клуб Челзи, Роман Абрамовиќ, во тајност се оженил за својата трета сопруга пред седум години, пишува Daily Mail.

Рускиот богаташ, чие богатство се проценува на 6,3 милијарди фунти, ја запознал Даша Жуков во 2005 година, и од тогаш секогаш ја претставува како негова девојка.

Но, таа сега потврди за Wall Street Journal дека во тајна церемонија се омажила за Абрамовиќ, но не сакала да го открие точниот датум на вечавката. Рекла дека тоа се случило неколку години откако се запознале па светските медиуми сега нагаѓаат дека се венчале пред шест години. Двојката има две деца.

Otkrivena najbolje čuvana tajna ruskog bogataša (Foto: Splash)

Тие се запознале на новогодишна прослава која ја организирал таткото на Даша, а нејзиното семејство е едно од најбогатите во Русија.

- Реклама -