Потрошил 160.000 евра за да личи на Мадона! Не му успеало баш…

Адам Гера потрошил повеќе од 160.000 евра за да личи на својата омилена пејачка, Мадона.

Овој млад човек од Лос Анџелес потрошил 60.000 евра на операции во последните 12 години, и уште 100.000 на гардероба, шминка, сценски костими…

Адам како тинејџер

Адам својата страст ја открил во емисијата „My strange addiction“ (Мојата чудна опсесија).

Адам и неговото алтер-его

Вели дека од 15 години почнал да се облекува како Мадона. Но, неговото алтер-его не ѝ се допаднало на неговата мајка Моника и неговиот дечко Мајкл. Партнерот му дал услов: „Или Мадона или јас“.

– Се заљубов во неа кога имав 15 години, бидејќи таа едноставно ѝ зборуваше на мојата душа. Ме почитуваат кога сум Мадона, но не знам кој е Адам- искрено вели овој транвестит.

Адам отишол толку далеку што го ангажирал и Карлтон Вилборн кој бил танчер на Мадона на две светски турнеи.

Сепак, кога почнал да тренира со него, се скршил и сфатил дека само сака да бие она што е- Адам Гера.

Неодамна ги продал сите Мадона- костими и сета гардероба, и се обидува да живее не имитирајќи ја кралицата на поп музиката.

- Реклама -