Нова поп сензација: Има вештачка нога и излгеда опасно добро во својот прв музички спот (ВИДЕО)

Викторија Модеста од Литванија својот прв музички спот „Prototype“ го објави на британскиот Channel4 и предизвика општо воодушевување.
Покрај тоа што поради нејзиниот глас ја нарекуваат нова поп сензација, Викторија има вештачка нога, и истата ја менува во текот на спотот, како што ги менува во секојдневниот живот- во согласност со облеката која ја носи.

d20fd970a8eb1ec43a215fab68b9fa80

Својот физички недостаток не го сокрива, напротив, таа го истакнува и користи ексцентрични модели за да го нагласи својот подеднакво ексцентричен стил на облекување.

Викторија е родена со дислоциран колк и нога и тешко одела. Поради своето медицинска состојба поминала низ многу болни, но неуспешни операции. Потоа се преселила во Лондон, надевајќи се на подобар медицински третман, но по неколку процедури не почувствувала ослободување од болката. Затоа, ги убедила своите лекари да ѝ ја ампутираат ногата кое, како што вели таа, ја ослободила од нејзините комплекси и ја зголемила својата самодоверба.

- Реклама -