Мерлин Менсон: Ако ми се запали куќата, не сакам да бегам гол

Рок пејачот Мерилин Менсон има секс, само ако не е соблечен сосема.

46-годишниот музичар во моментов е заљубен, а во минатото имаше врски со Дита фон Тиз и Еван Рејчел Вуд.

Иако не е лишен од женско внимание, пејачот вели дека е многу срамежлив.

„Јас сум многу срамежлив”, изјави тој за магазинот “Ролинг Стоун”, откривајќи дека води љубов само со пуштено светло, а гаќите треба да се околу неговите зглобови на нозете.

„Имам фобија дека куќата може да се запали и не сакам да избегам гол”, додава пејачот.

„Не ја сакам интимноста. Можеби два пати во животот сум се туширал со девојка и тоа беше некако страшно. Меѓудругото имам и страв од кади. Можеби затоа што мајка ми ме капела во кадата како мал и тоа се одразило на мојата психа”, завршува Мерилин Менсон.

- Реклама -