Тоа никако не смее! Како НБА кошаркарот го прекрши протоколот за фотографирање со Кејт Мидлтон

Кошаркарот на Кливленд Кавалиерс, Леброн Џејмс, доби прилика во понеделникот да се запознае со војвотката Кејт Мидлтон и принцот Вилијам по натпреварот во кој неговиот тим играше против Бруклин Никс.
За време на средбата, Леброн на кралската двојка им подарил два дреса и колачи. Потоа заедно позирале пред насобраните фотографи и сниматели.

Во текот на позирањето Леброн го прекршил протоколот, одностно ја ставил раката на рамото на Кејт Мидлтон. Така барем тврдат експертите за правилата на однесување со кралското семејство.
„Американците се порелаксирани од Британците и ова е уште еден пример за тоа“, изјавил Вилијам Хенсон.

- Реклама -