Бекам имал сообраќајка

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам и неговиот син Бруклин (15) доживеале сообраќајна несреќа викендов во Лондон.

Бекам го собрал синот после натпревар, а потоа неговото возило удрило во друго, за кое очевидците велат дека возело премногу брзо.

Би-Би-Си пишува дека зад воланот на другиот автомобил била жена, која по сообраќајката била однесена во болница.

Таткото и синот не се повредени, пишуваат странските медиуми.

Автомобилот на Бекам е уништен од неговата страна, а момчињата од клубот Брајтон, против кој што Бруклин го играл натпреварот, ја виделе несреќата и го споделиле настанот на социјалните мрежи.

 

 

- Реклама -