Таа умее со богаташите: Манекенката по разводот стана милионер

Некогашната украинска манекенка Татјна Франчук е вистински мајстор за „јадење“ на богаташи, и откако се развела од милионерот Игор Франчук, се омажи за португалскиот градежен магнат Мануел Алвеш, а сега се разведува и од него и тоа со рекордни 130 милиони евра оштета!
Татјана, чие официјално занимање е трговец на антиквитети, од бракот со Франчук има два сина кои се школуваат во Велика Британија, како и куќа во Англија, поради која успеа да по бракораведната постапка од Португалија да се „пресели“ на островот, што на неа само ѝ оди во прилог.

Се проценува дека Татјана од британскиот закон, кој е многу „подарежлив“ од португалскиот во вакви случаи, ќе добие оштета од околу 100 милиони фунти, или речиси 130 милиони евра што ќе биде новиот англиски рекорд!

А бидејќи таа има само 37 години, ќе видиме кој ќе биде нејзината следна жртва, пардон, маж богаташ…

- Реклама -