„Да живеам со Ким Кардашијан? Не, благодарам!“- Тинејџерка не сака да биде посвоена од старлетата

Тинејџерката која живее во колективен камп во Тајланд ја одбила понудата да живее со Ким Кардашијан, која сакала да ја посвои.
Ким за време на посетата во Тајланд ги посетила и луѓето кои останале без дом поради цунамито, а веднаш станала блиска со девојче по име Пинк кое има 13 години.

– Буквално не можам да престанам да мислам на неа. Му реков на мојот сопруг колку девојчето е мила и слатка и дека би можела да ја посвојам- рекла Ким.

Но, малата Пинк ни малку не е импресионирана да биде дел од познатото реалити семејство, пишува Dailu Mail.

Пинк моментално живее во дом за напуштени деца, делејќи соба со уште пет девојчиња во голема сиромаштија.

Таа е многу талентирана ученичка која мајка ѝ ја испратила во дом за згрижување на деца бидејќи не можела да се грижи за неа и да ја образува, а на желбата на Ким за нејзино посвојување имала само еден одговор- не, благодарам.

– Секој за себе сака поинаков и подобар живот, претпоставувам. Но, кога подобро размислив за тоа и сфатив во што би се впуштила и што се би требала да оставам зад себе, сфатив дека не сум подготвена за тоа“, рекло девојчето.

'I realised it wouldn't be good for me': Pink, 13, told MailOnline that she wanted to stay and help her country rather than live with Kim Kardashian

Девојчето планира да се запише на факултет на Тајланд и еден ден да работи како туристички водич или наставник. „Сакам да ѝ помогнам на својата земја. Сакам луѓето да дојдат и да научат се за Тајланд, за мојата земја. Затоа сакам да работам како туристички водич“, рекла таа и додала: „Разговарав со мојата мајка за Ким и таа ми кажа кога ќе завршам училиште и кога ќе можам да се грижам за себе, таа ќе ми дозволи да одам да живеа со Ким, ако јас го сакам тоа. Но, овде се другите деца кои ми се како браќа и сестри и не можам да ги оставам. Тие се моето семејство и не можам само да си одам и да оставам се зад себе“.

Што мислите за нејзината одлука?

- Реклама -