Не може да биде послатко! Децата на Џоли и Пит со порака за нив

Неколку месеци откако се венчаа, Бред Пит и Анџелина Џоли открија детали од свадбата и што им бил најдрагиот момент од тој интимен настан.

– Убаво е да бидете маж и жена, открива Анџелина во интервју за “Vanity Fair”, а потоа открила најсладок настан од венчавката.

Децата, како што вели Анџелина им помогнале да напишат брачни завети.

– Тие од нас очекуваа дека никогаш нема да се расправаме, но не замолија секој пат кога ќе се случи тоа да кажеме дека ни е жал, открива Анџелина.

Нивните деца го сфатија она што не го разбираат многу возрасни луѓе: дека не е разумно да се очекува никој никогаш да не се расправа, но дека е разумно да се извините, кога ќе сфатите дека сте погрешиле.

- Реклама -