Можете ли да погодите која е најплатена актерка во Холивуд?

Американскиот магазин Forbs објави листа на најплатени актерки во Холивуд за 2014 година, а на прво место се најде оскаровката Сандра Булок со заработка од неверојатни 51 милион долари.

Сандра Булок 51 милион долари.

Минатата година 50-годишната Булок толкуваше главна улога во големиот хит „Гравитација“(Gravity), филм кој заработил 716 милиони долари.

Џенифер Лоренс 34 милиони долари.

На второ место се нашла 23-годишната Џенифер Лоренс, втора година по ред, со заработка од 34 милиони долари, а Џенифер Анистон се наоѓа на трето место со заработка од 31 милион долари.

Џенифер Анисотн 31 милион долари.

На четврто место е Гвинет Палтроу со заработка од 19 милиони долари, додека со 18 милиони долари заработка Анџелина Џоли се нашла на петто место.

Гвинет Палтроу 19 милиони долари.

Анџелина Џоли 18 милиони долари.

Списанието Форбс оваа листа ја составува според заработката од филмови, реклами, договори, секако овие информации ги добиваат од извештаите од агентите, менаџерите и адвокатите на актерките.

Листата од десетте најплатени актерки во Холивуд се:

1. Сандра Булок- 51 милион долари

2. Џенифер Лоренс- 34 милиони долари

3. Џенифер Анистон- 31 милион долари

4. Гвинет Палтроу- 19 милиони долари

5. Анџелина Џоли- 18 милиони долари

6. Камерон Дијаз- 18 милиони долари

7. Скарлет Јохансон- 17 милиони долари

8. Ејми Адамс- 13 милиони долари

9. Натали Портман- 13 милиони долари

10. Кристен Стјуарт- 12 милиони долари.

- Реклама -